| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници за квалитетни сперматозоиди

Намирници кои обилуваат со високо ниво на фолати кои влијаат во создавање на здрави сперматозоиди, важни за зачнување деца без генетски пореметувања, тврдат научниците од Калифорнискиот иниверзитет.


Исхрана базирана на зелен лиснат зеленчук, мешункасти и овошје, 30 отсто ја намалуваат можноста за создавање сперматозоиди со погрешен број на хромозоми. Поточно, намирници кои обилуваат со високо ниво на фолати влијаат на создавање здрави спермаозоиди, важни за зачнување на деца без генетски пореметувања, тврдат научници од Калифорнискиот универзитет.

Ова е важно откритие, истакнуваат после спроведено истражување, токму поради тоа што поголем или помал број хромозоми отколку што е нормално доведува до генетски пореметувања. Здравите сперматозоиди со идеален број на хромозоми прават отежнатото зачнување биде сведено на минимум, а тоа важии за спонтаните абортуси, раѓање деца со Даунов синдром или други гебнетски условени пореметувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top