| четврток, 6 декември 2018 |

ФК Вардар се враќа под капата на Град Скопје?

ФК Вардар се враќа под капата на Град Скопје откако спонзорот на клубот, Сергеј Самсоненко донел одлука да не финансира повеќе во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Оваа информација ја објави денеска спортскиот портал Sport1.mk, кој тврди дека причина за оваа одлука се финансиите поради кои црвено-црните беа приморани да го распродадат ланскиот тим кој го направи најголемиот успех на меѓународната сцена.

Како ќе тече евентуалниот трансфер на ФК Вардар назад кон градот Скопје ќе покажат наредните денови. Во секој случај, Вардар не е оној стариот што јасно можеше да се види на настапите во Лига Европа каде уште во првото коло беше елиминиран од Пјуник во квалификациите за Лига Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top