| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен гостин ги шармирал сите на свадбата: Една недела по освоеното сребро, Чорлука ја ожени убавата Франка (фото – видео)

Само една недела откако го освои среброто во Русија, хрватскиот фудбалски репрезентативец, 32 – годишниот Ведран Чорлука се ожени со познатата хрватска пејачка Франка Бателиќ. На оваа венчавка до раните утрински часови уживале стотина гости, кои славеле во чест на преубавата пејачка и сребрениот хрватски репрезентативец.

На свадбената веселба се јаделе истарски деликатеси, а се уживало и во домашно истарско вино.

Франка и Ведран со гостите пееја го голем број песни, а обожавателите кои не успеаја да ги поканат на свадбата ги почестија со видео од песната Лутка на Сарс.

Доцна во ноќта останале и капитенот на хрватската репрезентација, 32 годишниот Лука Модриќ и неговата сопруга Вања.

Свадбата му се допаднала и на најдобриот пријател на Чорлука, кучето Оскар, кој исто така бил спрецијално подготввен за свеченоста, а хрватските медиуми пишуваат дека ги шармирал сите гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top