| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма

Македонија е на колена. Насилство, убиства, уцени, криминал, се само дел од црниот баланс кој го спроведува криминалниот картел на Заев и СДСМ. Заев доби конкуренција во криминалот наречен Кочо Анѓушев. Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма, додека граѓаните осиромашуваат, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

– Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството е пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола, обвинува во денешното соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата истакнува дека граѓаните се сведоци на економскиот крах, и како што наведува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение, додека, стопанството e пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори.

– Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење. Заев го гази достоинство на сите граѓани во Република Македонија. Со штетниот договор со кој се негира македонската нација, народ, култура, јазик и историја, Заев ја гази демократијата, кршејќи ги законите, процедурите и Уставот на Република Македонија целосно исклучувајќи ја опозицијата и оневозможувајќи дијалог и демократска расправа во Собранието. Граѓаните заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО, велат од ВМРО – ДПМНЕ во денешнто соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top