| четврток, 6 декември 2018 |

Денешниот ден ќе му донесе многу пари на овој хороскопски знак

Овен (21. III – 19. IV)

Денес Сонцето ќе премине во вашата 5-та куќа на романсата, ставајќи ја љубовта во вашиот фокус. Ако бевте задоволни со статусот сингл, сега ќе копнеете по партнер со кого ќе го минете летото. Кокетирањето ќе ви стане најинтересната активност за време на вечерните излегувања, па нема да ви недостига внимание.

Веќе сте во врска? Последните јулски денови ќе ги поминете „приклештени“ за партнерот. Страста која ќе ја чувствувате во себе ќе ве прави желни за неговите физички допири.

Бик (20. IV – 20. V)

Сонцето денес ќе започне да патува низ вашиот сектор на домот и семејството, создавајќи идеални услови за летен одмор со најмилите. Најсреќни ќе се чувствувате кога сте опкружени со сакани лица и ќе дадете сè од себе за да ја ширите таа среќа.

Некои бикови во следниот период ќе го изговорат судбоносното ДА

Близнаци (21. V – 20. VI)

Денес Сонцето ќе премине во лав, вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните настани. Никој нема да може да ве надзборува, а секој ќе посакува да размени барем збор-два со вас. Очекувајте телефонот да ви ѕвони без прекин.

Некои близнаци ќе се вклучат во или ќе иницираат хуманитарна акција во нивното место на живеење.

Рак (21. VI – 22. VII)

Денес Сонцето ќе започне едномесечно патување низ лав, вашиот сектор на секојдневните навики и работата. Ќе соберете храброст да промените нездрава навика, како пушење цигари, консумирање мрсна храна или прескокнување на појадокот наутро.

Заборавете дека летото е во пол ек, во следните месец дена ќе нанижите многу успеси на професионален план.

Лав (23. VII – 22. VIII)

Најубавиот период од годината за вас започнува денес, кога Сонцето ќе влезе во лав. Замислете си желба и ќе ви се исполни во претстојните месец дена. Потребно е само да бидете малку посебични и да ги ставите вашите потреби на прво место.

Очекувајте подобрување на финансиската состојба.

Девица (23. VIII – 22. IX)

Денес Сонцето ќе премине во лав, вашиот сектор на фантазијата и одморот. Ова е идеално време да го „пуштите мозокот на пасење“ и да се релаксирате до максимум.

Во следните месец дена не започнувајте нови проекти на работното место, туку фокусирајте се на финиширање на старите.

Вага (23. IX – 22. X)

Нема да можете да живеете без луѓе околу вас. Колку повеќе, толку повесело, нели? Денес Сонцето ќе започне да се движи низ вашиот сектор на групните активности и пријателството, привлекувајќи многу пријатели и нови лица кон вас.

Ќе бидете срцето на летните забави. Ќе уживате во гужвите и бучавата.

Шкорпија (23. X – 21. XI)

Денес Сонцето ќе започне да патува низ лав, вашиот сектор на долгорочните цели, поттикнувајќи ве да се замислите за иднината. Кројте планови и летајте во облаците, секоја визионерска идеја вреди да биде анализирана и земена предвид.

Некои шкорпии токму во следните месец дена ќе сфатат дека ја имаат вистинската личност покрај себе, други ќе прослават свршувачка, а трети – брак.

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Очекувајте наплив на адреналин и незаборавни спомени зад границите на нашата држава. Денес Сонцето ќе започне да патува низ лав, вашиот сектор на патувањата, авантурите и оптимизмот, будејќи го најдоброто во вас. Сите ќе обожаваат да комуницираат со вас, затоа што насекаде ќе бидете најпозитивната личност.

Во следните месец дена, за стрелците се предвидуваат далечни патувања, адреналински авантури, љубови кои не познаваат граници и многу, многу радосни мигови.

Јарец (22. XII – 19. I)

Жешки бакнежи и страст ќе ви донесе Сонцето, кое денес ќе започне едномесечно патување во лав, вашиот сектор на интимноста и интензивните емоции. Физичката блискост ќе ви биде најважна.

Ако сте во врска, очекувајте незаборавна ноќ зад затворени врати, а доколку не сте во врска, очекувајте да ве освои некој со надворешниот изглед. Се зголемуваат шансите за љубовни авантури за една ноќ.

Водолија (20. I – 18. II)

Денес Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на обврзувањето и сродните души. Подгответе се да бидете запросени од вашиот сакан или да добиете покана да се преселите во неговиот дом. Врските ќе стануваат многу сериозни, па важно е да знаете што сакате. Ако сте веќе во брак, последните јулски дена ќе бидат прекрасни за вас.

Не сте во врска? Сонцето ќе се „ангажира“ за да бидете погоди од љубовните стрели на Купидон.

Риби (19. II – 20. III)

Денес Сонцето ќе премине во лав, вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Многу е важно во следните месец дена да го зајакнете вашиот имунитет.

Сонцето ќе ве поттикне да вежбате редовно за да се гордеете со фигурата. Некои риби можно е да започнат да практикуваат веганска или вегетаријанска исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top