| четврток, 6 декември 2018 |

Легнаа парите од Саудиска Арабија и сега молк: „МОСТ“ и Дарко Алексовски ги нема да се борат против едноумието на владата и Изборниот закон

Иако најгласни изминатата година, годинава од граѓанската асоцијација „МОСТ“ која би требало да биде загрижена за сите можни прекршување на изборните правила и процедури, овој пат, нејзиниот претседател Дарко Алексовски го нема со изјави и барања до властите во врска со новиот изборен законик со кој се предвидува избор на ДИК без учество на опозицијата – процес кој  отвара сомнеж во легитимноста на наредните изборни или референдумски циклуси.

Првиот човек на граѓанската асоцијација „МОСТ“ кој пред изборите на 11.декември 2016.година важеше за човекот преку кој се вршеше притисок врз законодавната власт од тогашната опозиција и странскиот фактор за измена и дополнувања на изборниот законик, и прочистување на избирачкиот список – процес кој доведе до бришење на голем број на избирачи со валидно право на глас, последнава година го нема во јавноста со своја оценка за процесите во врска со предлог законот на владата за измена на изборниот закон и начинот на гласање на новиот состав на ДИК во кој е исклучена улогата на опозицијта.

Гласањето на ДИК без учество на опозициајта, која треба да биде и предводник на избирачката комисија би значел и демократски преседан, враќајќи ја државата најмалку 40-тина години наназад, во еден претходен, мрачен систем во кој владееше едноумие. Речиси со сигурност пак, ќе предизвика сомнеж во изборниот процес, а резултатите од следните избори или референдум би биле предмет на ревизија имајќи во предвид дека со така избрана ДИК сите податоци би биле подложни на манипулација без опозициска контрола.

Алексовски и „МОСТ“ во јавноста важат за истурена канцеларија на сегашната власт која функционира исклучиво по нарачка на човекот задолжен за контакт со НВО во СДСМ Радмила Шеќеринска. Алексовски од минатата власт беше обвинет дека бил вмешан во криминал со градежи активности, а се обиде да спроведе и финансиска контрола во „МОСТ“ поради индикации дека добивале сомнителни суми на пари од локации како Саудиска Арабија, Дубаи, Ирак, Сирија, Иран.

(извор – Инфомакс)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top