| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија претрпе тежок пораз од Унгарија на Европското првенство во Софија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија претпре тежок пораз од Унгарија на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија. Македонските кошаркари беа совладани со 34:57 и ја пропуштија шансата да се борат за деветтото место. Тие сега за 11-­то место ќе играат со поразениот од натпреварот меѓу Белорусија и Португалија.

Македонија само во првата четвртина пружи отпор и беше рамноправен противник, па затоа ја заврши со израмнет резултат 13:13. Во останатиот дел од натпреварот унгарските кошаркари имаа постојана контрола над теренот и резултатот, а нивното водство постојано растеше.

Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ефремовски со 11, а Ранко Мамузиќ постигна 10 поени. Претходно Македонија ги совлада Азербејџан, Белорусија и Албанија, а претпре порази од Летонија и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top