
Прекрасното зајдисонце, езерото, планините, Канео, биле пресудни за младите Џони и Луси, Англичани кои живеат и работат во Лондон, да се одлучат својата долгогодишна љубов ја крунисаат со венчавка на брегот на Охридското езеро.
Идејата дошла сосема случајно, на патувањето на Луси во Охрид, непосредно по веридбата со Џони. Штом пристигнала во Охрид, Луси знаела дека тоа е местото на кое сака да ги покани своите пријатели и роднини за прослава на најубавиот момент во нејзиниот живот. Единствено, треба да се „убеди“ Џони дека тоа е вистинската локација.
– Некој кажа треба да го посетите Охрид, многу е убаво и јас реков добро. Кога стигнавме со пријателката се воодушевивме и помисливме – како тоа никој не слушнал за ова место? Толку е убаво, луѓето се гостопримливи, има многу нешта кои можат да се направат. И затоа што доаѓањето беше по веридбата помислив овде може да се организира навистина прекрасна венчавка. Па така му се јавив на Џони и реков: најдов прекрасно место, а тој одговори: Не се шегувај! Му велам: те молам види го Охрид и ако кажеш не, добро, нема да го спомнам повторно, раскажува Луси.

Младоженецот Џони потоа изработил веб страна на која ставил прекрасни фотографии и снимки од Охрид, со бројни информации за местата кои можат да се посетат, забава, сместување, превоз…Тоа е и клучното поканатите гости од целиот свет веднаш да кажат: Доаѓаме!
– Имаме 160 гости од Австралија, Дубаи, Сингапур, Германија, од различни делови на Англија. Кога ги поканавме најголемиот број од нив никогаш не слушнале за Охрид. Откако Џони ја направи и интернет страната и им ја пративме, во рок од 24 часа сите одговорија: Прекрасно, доаѓаме!, вели Џони.

Венчавката се одржала минатиот викенд во дворот на црквата Свети Јован-Канео каде брачниот пар добил благослов од свештеникот, а еден од присутните пријатели бил задолжен да го изврши венчавањето, по што следувала забава на плажата Канео, со избрана музика и бенд.
(извор – Охридњуз)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


