| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на интернет: Лидерите на #бојкотирам се бараат и под дрво и под камен

Десетина дена специјалисти за социјални мрежи и експерти за дигитални технологии се обидуваат да ги идентификуваат лидерите на движењето #бојкотирам кое зема се поголем замав.

Движењето започна на Твитер се прошири и на другите социјални мрежи а заговорниците на Договорот со Грција и позитивен исход на претстојниот референдум зссега не успеваат да им парираат или да ги попречат пораките на #бојкотирам.

Противниците на #бојкотирам се збунети од се поголемиот број на споделувачи на нивните пораки при што веќе станало тешко да се следат сите профили кои што емитуват пораки против референдумот.

Она што засега се знае неофицијално е дека меѓу главните ликови зад #бојкотирам стојат непартиски поединци, приврзаници и на опозицијата и на власта како и членови на Шарената револуција кои што по истите принципи со кои го уриваа Груевски сега го напаѓаат Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top