Како компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која го доби тендерот од 35 милиони евра за набавка на апарати и реагенси за испитување на крв е единствената компанија која аплицирала за добивање на јавната набавка, објавува „Лидер“.
Порталот „Лидер“ во обидот да ги расчисти дилемите околу тоа како оваа компанија, која постои четири месеци и има 27-годишен сопственик од Србија го доби тендерот, разговарал со претставници на фирмите кои се занимаваат со овој бизнис, но не учестувале на тендерот.
– Веднаш по почетокот на техничкиот дијалог за оваа јавна набавка, затоа што веќе 15 години работиме на пазарот, отидовме во Министерството за здравство за да ги расчистиме нелогичностите. Беше очигледно дека на овој тендер не може да учествуваме и целосно ќе престанеме со работа, затоа што во самиот опис беше даден само еден бренд на апарати, „АБОТ“, кој ние не го застапуваме. На состанокот присуствуваа високи претставници на Министерството, кои во официјалниот дел ни рекоа дека може да аплицираме и покрај тоа што не увезуваме „АБОТ“, но, пред заминување еден од присутните пријателски не предупреди да не се учествуваме, велејќи ни „немојте многу да мислите, ќе има овде леб за сите“ – сведочи за „Лидер“, претставник на конкурентска компанија. Тој за порталот додава дека потоа нивната компанија имала одредени сигнали дека ќе биде подизведувач на „АХР ЛАБ“, но, тие ја прекинале комуникацијата.
Симптоматично е што ФАРМАХЕМ, компанијата која е претставник во Македонија за „АБОТ“ апаратот кој е фаворизиран во овој тендер, воопшто не аплицирала на повикот за тендер а нејзините апарати на државата и ги нуди друга компанија од фантомски карактер.
Според неофицијалните сознанија, од ФАРМАХЕМ потпишале авторизација за продуктот во Германија, што значи дека на „АХР ЛАБ“ им дозволуваат да набавуваат апарати. По што се поставува прашањето: Зошто една компанија би се откажала од својот продукт на кој му е ексклузивен застапник и истиот би го препуштила на друга компанија?
Во исто време, авторизација потпишале и компаниите СОНИКС, БИОТЕК и БИОМЕДИКА, некои заради профит, а некои како што неофицијално дознава „Лидер“ и заради уцена дека ќе бидат уништени од страна на Министерството за здравство. Скандалозно е, пишува „Лидер“ што сите овие компании потпишале авторизација на фирма која постои само четири месеци, нема никакво портфолио и нема вработени, а единствената вредност и е 5.000 евра основачки капитал.
„Лидер“ вчера го објави овој скандал, во кој откривме дека фирма која е основана пред само четири месеци и за сопственик има 27 годишен државјанин на Србија го доби тендерот за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија.
Контроверзниот тендер вреден околу 35 милиони евра а на него конкурирала само оваа фантом компанија која е во сопственост на Предраг Петриќ од Нови Сад, а директор во Македонија и е извесен Александар Јовановски викан Жути од Гази Баба.
Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, „АБОТ“, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв.
Проверката во централниот регистар покажува дека компанијата која го добива тендерот е регистрирана на 18.04.2018 што консолидира со периодот во кој беше отворен техничкиот дијалог за тендерот. Оваа компанија која ја водат млади луѓе, нема никакво искуство во овој сектор, ниту пак било кога се занимавала со медицинска опрема. Во компанијата нема ни вработени.
Да биде ситуацијата уште поинтересна, компанијата која доби 35 милиони нема ни веб страница, а лицата поврзани со неа нигде не се јавуваат во медицинскиот сектор. Официјалната имеил адреса во Централниот Регистар, каде се наведува контакт е „zuti45@yahoo.com”, а нигде не е оставен телефонски контакт преку кој би можеле да ги побараме и да добиеме било каков коментар поврзан со ова истражување.
Според неофицијалните информации на „Лидер“, зад целата оваа шема стои еден познат бизнисмен кој се бави со трговија и производство на масло, а е исклучително близок до власта.
До сега секоја болница сама си набавуваше реагенси и имаше десетина компании кои беа активни на пазарот, но откако минатиот месец министерот Венко Филипче им забрани на болниците сами да набавуваат реагенси за нивните лаборатории, се отвора голем скандал, затоа што сега парите ќе ги добива само компанијата „АХР ЛАБ увоз-извоз“, а нив нема да ги плати министерството туку болниците и тоа за апарати кои во најголем дел од случаите нема да бидат исталирани во нивните болници туку болниците само ќе ги користат.
Старите апарати кои се користат во моментов, ќе се стават надвор од употреба, иако најголем дел од нив се функционални и не се долго користени, а новите ќе бидат исталирани на помалку места од претходно и компанијата добитник на тендерот ќе биде задолжена низ Македонија да ги транспортира примероците со крв за да се направат биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациски и гасни анализи, пишува „Лидер“.
-Ова ќе создаде дополнителен хаос во здравството, затоа што, доколку се анализира тендерот, излегува дека овие тестови ќе се транспортираат само еднаш дневно. Во болниците има итни случаи за кои е потребно итно да се направи тест, со ова ќе треба да се чека до наредниот ден. – велат за „Лидер“ директори на јавни здравствени установи во кои сега нема да има апарати за анализи.
Според тендерската документација, компанијата која ќе го добие тендерот за реагенси, ќе биде должна да спроведе транспорт на примероците од крв до 14 часот назад во лабораториите.
-Што ќе правиме доколку во Гостивар попладне се случи некаков итен случај со родилка и потребно е итно испитување на хормони? Според ова што го предлага Филипче, процедурата ќе биде таква да се чека до следниот ден во десет ипол да се земе крв па подоцна да се транспорира назад – вели за „Лидер“, директор на здравствена установа кој сака да остане анонимен.
Во моментов во скоро сите болници во Република Македонија се прават имунолошки анализи (околу 85 болници), но со новиот тендер за кој горе наведените млади луѓе добија 35 милиони евра, ќе се набават само 3 апарати кои ќе работат за цела држава, а останатите ќе бидат ставени надвор од функција.
Овие три апарати најверојатно ќе се стават во големите центри низ Македонија, како Скопје, Битола, Охрид или Штип, а до таму, компанијата добитник на тендерот ќе ги носи примероците на крв, со што примероците на крв се ставаат во ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст