| четврток, 6 декември 2018 |

Поставена изложба со фотографии на плажата „Галеб“ во Струга

На градската плажа „Галеб“ во Струга синоќа беше поставена патувачката изложба со избрани фотографии насловена „Јас припаѓам тука“, дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“.

Во наредните три недели стружани и гостите ќе имаат можност да видат 30-тина фотографии направени од професионални фотографи и аматери. На изложбата прикажани се мотиви од стара и модерна Струга.

Патувачката изложба „Јас припаѓам тука изминатите 10 дена беше поставена во Охрид, а по Струга ќе биде пренесена и во други градови во Југозападна Македонија.

Проектот „ Декада на припадност – Славење на различностите“ е финансиран од Европската Унија, а го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top