| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ: Од бегалци направив милионери, а тие мене…

Здравко Мамиќ е огорчен што ниту еден репрезентативец не го спомнал по освојувањето на второто место на Светското првенство во фудбал што се одржа во Русија.

Хрватските фудбалери станаа национални јунаци и се во центарот на вниманието на целиот свет, но ниту еден од нив не го споменал Мамиќ иако на повеќето од нив им е „фудбалски татко“.

-Во Динамо сум 48 години. Ме викаа најмоќниот човек во хрватскиот фудбал. Веројатно и јас имам некаква заслуга во успехот на репрезентацијата. Иако гледам дека никој не ме спомнува. Меѓутоа, неоспорно е дека ова е кулминација на нашиот успех низ базата што ја создадовме. Па, децата како Ловрен, Модриќ, Ковачиќ и Ќорлука ги доведов како бегалци од Босна и Херцеговина. Тоа е факт. Гледате, ги направив тие момчи милионери. Им бев како татко. Меѓутоа, ништо. Сите некому се благодарни, а мене никој не ме спомнува. Никој да ги спомне Шукер и Мамиќ. Моран да бидам искрен и да кажам – се плашат. Не смеат да не фалат зашто ќе ги нападнат, вели Мамиќ во интервју за Дневни аваз.

Тој вели дека не сакал да го семени селекторот Далиќ.

-Се што се пишува за мојот однос со Далиќ е лага. Не е точно дека јас сум го постави. Него го донесе Шукер. Мило ми е за него. Мило ми е заради репрезентацијата. Не сум фго довел, но се испостави дека не сум се противел, што е тоно. Не е вистина дека сум барал негова смена по турнејата низ САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top