| четврток, 6 декември 2018 |

Мицотакис ќе го почитува Преспански договор ако Парламентот го ратификува

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој со својата партија остро го критикува Преспанскиот договор, даде на знаење дека ќе го почитува ако дојдат на власт, под услов тој да биде ратификуван од грчкиот Парламент.

„Јасно кажав дека не го сакам овој договор. Но, секогаш нагласувам дека ќе го почитувам како обврска преземена од државата ако биде ратификуван од грчкиот Парламент. Нова демократија ќе гласа против“, изјави веројатниот иден премиер на јужниот сосед со оглед на двоцифрената предност на најголемата опозициска партија во однос на владејачката СИРИЗА.

Во интервјуто Мицотакис го повтори барањето за предвремени избори.

„Владата на Ципрас нема што повеќе да ѝ понуди на земјата. На 20 август завршува третата и последна европска програма за финансиска помош за Грција. Ни треба нова влада, која ќе ја води државата во иднина. Со исклучок на туризмот, економијата не расте“, објасни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top