| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е директорот што ќе одговара за парите од Фондот за иновации?

Директорот на владиниот Фонд за иновации Јован Деспотовски може да одговара за сериозни грешки при доделувањето пари од буџетот. Во времето кога Вицепремиерката Радмила Шекеринска раководеше со Секретаријатот за европски интеграции, работел во Секретаријатот.

Добро информирани извори во владата кои ги знаат процедурите за доделување пари од овој и други фондови велат дека средствата се доделени на криминален начин без да се почитуваат ниту основните стандарди и принципи на иновативност.

Се работи за политички принципи на дистрибуција при што колегите на Деспотовски се чудат зошто директорот се нафатил на вакво сценарио знаејќи дека еден ден може да биде кривично гонет за прекршување на правилата. Деспотовски може да биде следниот Ѓоко Поповски кој само за случајот “Тенк” на СЈО доби 9 години затвор.

За Деспотовски се вели дека досега, до дистрибуцијата на средствата од фондот, во работата бил професионален и ефикасен без да ги нарушува законските прописи ниту како член на СДСМ вршел политички притисок врз вработените кои што се симпатизери или членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Меѓу добитниците на парични средства од фондот за иновации се медиум близок на власта, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец и вицепремиерот Анѓушев кој поседува дел од фирма добитник а кој тврди дека не сакал да аплицира за пари од фондот.

Фирма на Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top