| четврток, 6 декември 2018 |

Од што е скромен, ништо не кажал – семејната трагедија на Канте за која никој не знаел

Фудбалерот на Челси, Нголо Канте е еден од најзаслужните за титулата на француската репрезентација на Светското првенство во Русија.

Постојано беше во стартната постава и својата задача ја заврши на беспрекорен начин. А, ефектот што го имаше дополнително добива на тежина ако се има предвид драмата што ја преживеал пред почетокот на Мундијалот.

Неколку недели претходно починал еден од браќата на Нголо и тоа од срцев удар. Докторите не успеале да го спасат, но Канте играше и за него на првенството и и помогна на Франција да дојде до титулата.

Инаку, во семејството на Канте имало девет деца, пет машки и четири женски.

Извор: Спорт клуб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top