| четврток, 6 декември 2018 |

Пет погрешни „факти“ за кондомите во кои луѓето и понатаму веруваат

Иако уште одамна се знае сè за ова контрацепциско средство, многу луѓе и понатаму веруваат во митовите за презервативите.

1. Ако ставите лубрикант на кондомите, ќе го спречите неговото пукање
Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести
Кондомите не штитат целосно од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамните вошки. Презервативот не е доволна заштита ни за гениталниот херпес и оралниот херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по полов пат. Ако имате ХПВ или херпес може да поминат години без да се појават никакви симптоми и да не знаете дека сте болни, а притоа да му ја пренесете болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми
Можете да користите кондоми направени од полиуретан и полиизопрен.

4. Можете да ги чувате кондомите во паричник
Ако чувате пакетче кондоми во паричник подолго време, може да се оштети материјалот од кој е направен презервативот и да се создадат ситни дупчиња на него.

5. Ако користете два кондома одеднаш, ќе ја зголемите заштитата
Користењето два кондома одеднаш, всушност ја намалува заштита, бидејќи се создава поголемо триење и поголема шанса презервативот да пукне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top