| четврток, 6 декември 2018 |

Најсексапилната особина на секој хороскопски знак – нема никаква врска со изгледот!

Кога сè ќе се собере и одземе, испаѓа дека сексапилот не е нешто поврзано со изгледот, туку се нешто што е нетипично на прв поглед, а сепак го возбудува спротивниот пол. Ви откриваме која е тајната на секој хороскопски знак…

Овен: страст
Родените во знакот Овен се самостојни и импулсивни, што обично доаѓа во комплет со тврдоглавоста. Поради тоа, Овните многу брзо можат да ве вовлечат во нивниот вртлог и да ве вртат околу малото прсте со нивниот неодолив шарм и дух.

Бик: успех
Биковите се родени лидери и се задоволуваат само со најдоброто. Со оглед на тоа што успехот сам по себе е секси, овој хороскопски знак поради својата амбициозност и успешност се наоѓа многу високо на скалата на сексапилноста.

Близнаци: мудрост

Сите сакаат да ги сликаат Близнаците, бидејќи се одлични говорници и раскажувачи. Колку е поголемо нивното искуство толку повеќе ги фасцинираат сите околу себе. За жал, припадниците на овој знак многу често ги извртуваат фактите. Нивната доблест истовремено е и привлечна и опасна.

Рак: непредвидливост
Раковите се тотално непредвидливи. Се колебаат помеѓу слободата и приврзаноста, студеноста и емотивноста, срдечноста и дистанцата. Токму таа непредвидливост ги прави толку привлечни за другите.

Лав: шарм
Лавовите се вистински шармери и освојуваат срца со молскавична брзина. Нивната енергија, заедно со топлината, ги прави симпатични, но тие се и егоисти желни за внимание, бидејќи постојано бараат признание, љубов и пофалби.

Девица: интелигенција
Ако сакате интелектуални расправи, дефинитивно треба да излегувате со Девица. Луѓето родени во овој знак се ориентирани кон решавање на проблемите и многу се педантни. Овие когнитивни предности многу често, за жал, преминуваат во илузија. Поради тоа, нивните емоции и реален живот честопати се во конфликт. Но, Девиците ќе дадат сè за љубовта и важат за едни од најверните хороскопски знаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top