| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската дијабетес футсал репрезентација заминува на европско првенство

Македонската дијабетес футсал репрезентација денеска заминува на европско првенство за лица со дијабет кое ќе се одржи во Братислава, Словачка. Ова е трета година по ред како овие млади фудбалери настапуваат на Диаеуро, чија цел е да докажат дека здравствената состојба во која се наоѓаат не пречка за активно и професионално спортување.

Заедно со македонската репрезентација, на европското првенство ќе настапат уште 16 дијабетес репрезентации кои ќе ја споделат пораката дека дијабетесот не е болест поради која треба да бидат сожалувани, туку начин на живеење со правилна исхрана и редовно спортување.

-Европското првенство во футсал за лица со дијабетес почнува со организација во 2012 година инспирирани од тоа да покажат дека и лицата со дијабетес можат активно да се занимаваат со спорт. Ние како македонска репрезентација за првпат учествувавме на ова првенство во 2016 година. За разлика од претходните години, конкруенцијата е зголемена, но, сепак, ние ќе се покажеме како што треба бидејќи се подготвуваме веќе неколку месеци во различни фази. Целиот тим ќе даде сè од себе, не само за да се покаже на терен и да постигне добар резултат туку и да им покаже на сите лица со дијабетес кои живеат во нашата држава дека дијабетесот не е пречка доколку сакате да се занимавате со спорт активно и професионално, вели Тим-менаџерката Рената Јакимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top