Францускиот претседател Емануел Макрон реши да отпушти од работа припадник на службата за обезбедување на Елисејската палата, откако се појави видео запис на кој се гледа како тој тепа учесник на првомајските протести.
Елисејската палата соопшти дека одлуката за отпуштање на службеникот Александр Бенала е донесена по „откриените нови факти за неговото однесување“.
Бенала беше приведен поради нанесување физички повреди на млад маж за време на судирите при протестите по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
На видеото, што го објави весникот „Монд“, се гледа како Бенала, облечен во полициска униформа, прво влече една жена, а потоа тепа млад маж.
Портпаролот на Елисејската палата, Бруно Роже-Пети соопшти дека Бенала добила наредба да им се придружни на полициските сили за време на првомајските протести, но само како набљудувач. Тој меѓутоа ги надминал своите овластување и се вклучил во судирите со демонстрантите.
Бенала првично беше казнет со дводнеделна суспензија и со последна опомена пред отшпуштање од работа.
Скандал во кабинетот на Макрон: Помошник на Макрон претепа демонстрант (видео)
Но, по откривањето на новите факти, против Бенале е покрената истрага за „насилство извршено од страна на државен службеник“.
– Новите факти за однесувањето на Бенала му беа презентирани на претседетелот Макрон. Како резултат на тоа, претседателот реши да отпочне постапка за отпуштање на Бенала, изјави претставник на Елисејската палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст