| четврток, 6 декември 2018 |

Калиниќ го одби среброто од Мундијалот во Русија

Хрватскиот фудбалер, Никола Калиниќ не го прифати сребрениот медал кој го освои неговата Хрватска на Мундијалот во Русија.

Наговите репрезентативни колеги решија да му го дадат медалот и покрај тоа што тој беше избркан од репрезентацијата и не заигра ниту една минута на штотуку завршениот Мундијал, но Калиниќ го одбил одличјето со одговор „Благодарам, но јас не играв во Русија“.

Информациите се дека Калиниќ и на пријателскиот меч со Бразил во Ливерпул, пред Мундијалот одбил да влезе во игра како замена велејќи дека има болки во грбот.

Со одбивањето да влезе во игра на последните десетина минути против Нигерија, се прели чашата на трпение кај селекторот Далиќ, па Калиниќ експресно беше вратен во татковината и за него Мундијалот заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top