Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ во моментов е на одмор откако ја одведе екипата со светското сребро на Мундијалот во Русија. Тој ужива во заслужениот одмор, но се уште не открива она што сите го прашуваат – дали ќе остане на клупата на Хрватска.
На „коцкестите“ им следува настап во ново натпреварување, Купот на нациите, во кое на 11. септември играат против Шпанија, а пред тоа имаат неколку пријателски наптревари. Од хрватската фудбалска федерација тврдат дека Далиќ ќе биде тренер на репрезентацијата се до 2020, а спремни се и да му понудат поголема плата за да остане на клупата.
Членот на хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ најавил дека Шуќер ќе разговара со Далиќ, а на оваа тема селекторот во Вараждин пред новинарите ја дал следната изјава:
– Јас не ги закажувам собирите на репрезентацијата, тоа е задача на Сојузот. Се уште не сум размислувал за пријателскиот натпревар со Португалија. Сега ќе беше идеалниот момент да си заминам, оваа одлука ја донесов уште поодамна, но по враќањето во Загреб кога го видов тој дочек, едноставно морав да преспијам и уште еднаш добро да размислам за таа одлука. Заради тие „обични“ луѓе кои ми се најважни, заради тие емоции… се прашувам: Имам ли сега право да ги изневерам тие луѓе?, изјавил Далиќ.
Тој открил и што точно му замерува на фудбалскиот сојуз, а тоа е фактот што не сакале да ангажираат негов помошник кој тој самиот побарал, како и дека размислувале за негова смена пред Мундијалот. Далиќ рекол и дека на неговот семејство веќе му соопштил дека по Светското првенство ќе ја напушти репрезентацијата, но дочекот го предомислил.
– По ова веќе немам право така да размислувам. Ќе си дадам малку време пред да ја доенсам конечната одлука. Сам ќе ја донесем одлуката за мојата судбина и никој друг нема тоа да го направи за мене, па ниту фудбалскиот сојуз. Најубаво е да си заминеш кога си на врвот, но тоа и не е така лесно, додал Далиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст