| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче било искасано од ротвајлер додека се бањало во море: Морничав настан на плажа!

Десетгодишно девојче од Велика Британија било искасано од ротвајлер додека се бањало во море на плажа во Гребаштица кај Шибеник.

Девојчето е полесно повредено и задржано во болница на набљудување. Кучето го нападнало детето додека пливало во море со родителите. Инаку кучето во морето било заедно со својот сопстевник, соопштиле од полицијата.

На сопственикот на кучето на лице место му е наплатена казна во износ од 100 куни (12 евра), поради нарушување на јавниот ред и мир бидејќи држењето куче без надзор се смета за прекршок. Неофицијално, ова не било прв пат полицијата да интеревнира поради истото куче.

-Сопственикот го казнуваат со 100 куни, а детето го шијат на хирургија три часа!А ова не е прв пат да се вика полиција за ова куче, дали е тоа во ред – прашал еден мештанин која сакал да остане анонимен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top