Бразилскиот голман Алисон Бекер е нов играч на Ливерпул откако синоќа ги помина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор со екипата од Енфилд. Тој со трансферот од Рома кој и официјално беше потврден синоќа од англискиот клуб, стана најскапиот голман на сите времиња.
Ливерпул за услугите на Бразилецот на Римјаните им исплати 75 милиони евра.
– Пресреќен сум. Го остварив мојот сон да носам дрес на вака голем клуб кој што се има навикнато на победи. Ова е голем чекор во мојата кариера и бидете уверени дека ќе дадам се од себе за тимот, изјави Алисон после потпишувањето на договорот со Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст