Канадските медиуми јавуваат дека состојбата во Торонто по поројните дождови значително се влошува.
Улици во градот се под вода, додека на некои места нивото достигнува до два метра. Метрото не функционира, а стотици автомобили се поплавени на улиците. Властите упатија повик до граѓаните по можност да не излегуваат од своите домови.
Водената стихија остави илјадници луѓе заглавени во возовите до предградијата, додека спасувачките екипи работат на евакуација на патниците. На меѓународниот аеродром „Пирсон“ се одложени или откажани десетици летови.
Засега нема информации за повредени или загинати.
Преку 300.000 луѓе во 2,6 милионскиот Торонто се без електрична енергија, јави локалната телевизија „Си-Ти-Ви њуз“.
Во градот Мисисага, кој е дел од Големо Торонто, со население од над 5 милиони лица, без електрична енергија се околу 700.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.