– Пристигнувам дома од работа и ми велат ми стигнала „честитка“ за на обвинител заради тоа што го кренавме македонското знаме на јарболот во Битола, пишува битолчанецот Тони Митревски на својот Фејсбук профил.
Како што објаснува тој, поканата ја добил во својство на осомничен според член 144 од Казнениот законик на Република Македонија, што подразбира извршување на кривично дело Загрозување на сигурносата, со што може да добие казна затвор до 6 месеци.
За потсетување, петмина битолчани пред околу месец и половина беа приведени од битолската полиција откако заедно со поголема група на граѓани се обиделе да го вратат Македонското знаме на јарболот во центарот на градот.
– Да не требаше грчкото да го кренеме, коментира Митревски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст