| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничените за убиството на Саздовски на распит кај обвинител

Осомничените за убиството на младиот Никола Саздовски одведени на распит пред јавен обвинител.

Јавното обвинителство пред два дена го преквалификува делото од „насилство“ во „убиство на свиреп начин“.

Двајцата осомничени се во притвор, а по третиот полицијата се уште трага.

Никола Саздовски – Саздо почина на 9. овој месец, по претепувањето од тројцата осомничени, на автобуска постојка во скопска Автокоманда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top