| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот на Хрватска ја доби првата богата понуда

Откако фудбалската репрезентација на Хрватска освои сребро на Мундијалот во Русија, селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ ја доби и првата понуда.

Далиќ, кој што има договор со Фудбалскиот сојуз на Хрватска до 2020-та година, добил понуда од кинески клуб каде што би заработил 15 милиони евра за договор од три години. Тој веќе работеше во Азија, а откако оствари огромен успех со Хрватска на Светското првенство, сега и неговата цена порасна.
Ова нема да биде единствената понуда за Далиќ ова лето, но исто така се очекува Далиќ да остане на селекторското место и да ја предводи репрезентацијата на Хрватска и на Европското првенство во 2020-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top