| четврток, 6 декември 2018 |

Даштевски: Изборен законик не се носи месец дена пред избори

Сега треба да се вратиме многу назад, од времето на Џон Лок кој збори за достоинството и збори за повеќе партиските системи. Зошто би биле изборите, зошто би бил повеќепартискиот систем , ако ние бираме една структура цела , која ја избрало пола од избирачкото тело кога не се зима нивното мислење во предвид? Тогаш ова е полош сите сте од едно партискиот систем, затоа да имаме барем некое минимум ниво за избори, мора да се договорат двете партии. Замислете сега во САД, да не ги прашат републиканците за промени во изборниот законик, истакна Александар Даштевски, поранешен член на ДИК во вчерашното гостување на Алфа тв.

Тој изјави дека изборниот законик не треба да се носи три дена, 10 дена, месец дена пред изборите туку најмалку 6 месеци пред изборите се со цел да се постигне фер изборен процес.

– За мене најдобро е да се најде дијалог. Тоа требаше да се најде уште во време на преговори, затоа што многу побитна улога Грција која ги наметнува условите за решавање на спорот со името игра опозицијата. За изборниот законик ви треба опозоцијата, за избор на ДИК ви треба опозицијата, за успешен реферндум ви треба опозицијата, а СДСМ игра негативно со опозицијата, рече тој.

На прашањето колку Заев се плаши од легитимен референдум, Даштевски потенцираше дека во договорот јасно пишувало дека опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ, може да одржи референдум, односно може но, не мора, а за ова се согласува и Грција согласно со договорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top