| четврток, 6 декември 2018 |

„Тико“ и мотор „Хонда“ се судриле во Кичево, мотоциклистот итно пренесен во болница во Охрид

Фото: Архива

Сообраќајна несреќа се случила вчера во Кичево во која има повредени.

– На 18.07.2018 година во 18.30 часот било пријавено дека во Кичево, на улица „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Даево Тико“ со охридски регистерски таблици управувано од Ф.А. (43) од село Туин-Кичево и Мотоцикл „Хонда“ без регистерски ознаки управувано од А.А.(29) од Кичево. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението на МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top