
На група работници од Србија кои изведувале градежни работи во ексклузивно летувалиште „Златен залив“ во градот Анапи, кај Сочи во Русија, во 2013 година им се губи трагата, а се верува дека се убиени и дека зад тоа стои рускиот мафијаш Сергеј Зиринов. Се верува дека тие се убиени и забетонирани во темелите на Јахт клубот.
Како што пренесува рускиот портал МЗК1, српските работници кои го граделе аква паркот, јахтинг клубот и хотелот биле присилени бесплатно да ја изградат и зградата на регионалниот суд во тој град, а бидејќи тоа го одбиле, биле вознемирувани и на крајот исчезнале, а нивните тела никогаш не биле пронајдени.
Руските медиуми тврдат дека со истрагата е утврдено дека работниците биле убиени и забетонирани во темелите на јахтинг клубот, но бидејќи за набавка на тие докази било потребно да се сруши повеќеспратниот луксузен хотел, целиот случај е запрен. Се проверуваат и индициите дека работниците се живи забетонирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


