Згодната бринета се прошета на пистата за ревијата на костими за капење на „Sports Illustrated“ во златен дводелен костим, доејќи ја петмесечната ќерка, на огромно задоволство и радост на присутните гости.
Бебето носеше сини слушалки за намалување на бучавата и спокојно цицаше додека прекрасната Мара покажа зошто е една од најбараните „plus size“ манекенки, а од вчера и симбол на феминизмот.
-Не ми се верува дека сум на насловните страници со ќерка ми поради нешто што го правам секој ден. Благодарна сум што можам да придонесам кон тоа доењето во јавност да се прифати како нешто најнормално и да им покажам на другите жени дека сите може да го прават тоа, рече Мара утрото по ревијата.
-Мојата приказна е дека сум мајка и дека го дојам детето одејќи. Синоќа имаше уште еден куп жени кои заслужиле да се најдат на насловна страница.
Мартин беше избрана од 16 финалистки за годишната ревија на „Sports Illustrated“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст