| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанка измамила двајца тетовчани дека ќе им најде работа во Германија

На 17.07.2018 година, С.М.(22) и Ф.Ф.(21) од Тетово пријавиле измама од женско лице од Штип, со кое се запознале преку социјалната мрежа „Фејсбук“ во март годинава и кое им ветило дека ќе им обезбеди тримесечна работа во Германија.

При тоа од нив било побарано да уплатат по 2.700 денари и уште по 12.300 денари за договорите за работа, а авионските билети сами да ги купат.

Пријавителите аплицирале и ги уплатиле средствата, откако наводно им биле одобрени апликациите, но непосредно пред да заминат во Германија, на 11-ти минатиот месец од пријавената добиле СМС-порака дека не ќе можат да заминат, а потоа не им се јавувала повеќе, ниту им ги вратила уплатените средства. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top