| четврток, 6 декември 2018 |

Кралски проблеми: Меган троши десет повеќе на гардероба од Кејт!

Се претпоставува дека аутфитите на кралското семејство не се евтини, посебно кога се работи за поубавиот пол на кралското семејство. Кејт и Меган во моментов се главни дами кога се трендовите во прашање и сите се обидуваат да го копираат нивниот стил.

Сепак, како што пренесуваат медиумите постои голема разлика меѓу вредноста на аутфитот на Меган и Кејт. Поранешната актерка и нова војвотка троши многу повеќе од скромната Кејт.

Според податоците кои ги објави Дејли Меил, Кејт на гардероба во текот на 2017 година потрошила 134.172 евра, додека во 2016 тој износ бил 112.750 евра. Иако мислите дека се работи за висок износ тоа всушност не е ништо во однос на она што го троши Меган и тоа само за половината од оваа година.

-Буџетот на Меган за облека веќе го надмина годишниот буџет на Кејт. Ако продолжи со ова темпо за годинава би можела да потроши милион евра- пренесува Дејли меил.

На пример Меган за време на неодамнешната посета на Ирска во рок од 24 часа носела облека во вредност од 31.570 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top