| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена мртва скопјанка – соседите ја пријавиле ужасната смрдеа

Педесет и осумгодишна жена вечерва околу 20 часот била пронајдена мртва во својот стан на булеварот Јане Сандански. Нејзиното тело било во фаза на распаѓање, а во полиција пријавиле соседите бидејќи од нејзиниот стан, во кој живеела сама, се ширела неподнослива смрдеа.

При првичниот увид, констатирано е дека 58-годишната Ј.Н. имала повреда на черепот. Истрагата треба да покаже во какви околности настапила смртта. Дали жената сама се повредила во својот стан или, пак, има основи за соменавње дека смртта настапила по насилен пат.

Нејзиното тело е предадено за обдукција. Информацијата за „Прес24“ ја потврди и МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top