| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за здравство: Центарот за декубити и домашна посета не е укинат во ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’

Пациенти во ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’- Скопје се соодветно третирани и се згрижени согласно Европските препораки за геријатрија и палијатива. Тоа се пациенти кои се згрижени во установата поради други заболувања (интернистички, невролошки, карциноми), а поради неподвижноста и мултиморбидитете развиваат декубити, кои се јавуваат како последица и соодветно се третираат. Центарот за декубити и домашна посета за третман на пациенти со декубити во домашни услови не е укинат во ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’ – Скопје, велат од Министерствотото за здравство.

Во соопштението објаснуваат дека ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’ – Скопје, е единствена јавна здравствена установа во Република Македонија која дава здравствена заштита и услуги за геријатриски и палијативни пациенти.

„Согласно со тоа, иницијалната определба на Заводот е геријатриска и палијативна грижа.
Пациентите кои се примаат во ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’ – Скопје се со мултиморбидитети, главно се третираат од специјалисти интернисти, а согласно со пропратните коморбидитети се вклучуваат по патека специјалст од соодветната област (невролог, психијатар, физијатар, дерматолог и сл.).

Согласно со расположивиот кадар во установата (моментално е докторот на специјализација по дерматовенерологија), во стационарниот дел се третираат сите пациенти кај кои ќе се појават декубити од страна на веќе обучен и специјализиран кадар. Пациентите кои ќе побараат специјалистичко-консултативна дерматолошка консултација се прегледуваат од дерматолог и се упатуваат во соодветна установа.

Бројот на пациенти кои се упатуваат исклучиво за третман на декубити во изминативе месеци е намален и овие пациенти се упатуваат на соодветни Клиники – (Клиника за дерматологија, како и Хирушките клиники – васкуларна и пластична хирургија), каде можат да добијат мултидисциплинарен третман .
Иницијалната определба на заводот е унапредување на геријатриска и палијативна грижа, а согласно со тоа алудираме во иднина проширување на капацитети на установата согласно со коморбидититети карактеристични за пациентите кои се лекуваат во овој завод. За пациентите кои имаат потреба од третман исклучиво на декубитални промени, во иднина ќе одиме во насока да се третираат мултидисциплинарно во соодветни здравствени установи“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top