| четврток, 6 декември 2018 |

За оштета од 75 милиони евра: Алисон Бекер пред трансфер во Ливерпул

Како што пренесува „Скај Италија“, од таборот на Ливерпул одлучиле да ја зголемат понудата за Бразилецот и сега на Рома им нудат 75 милиони евра.

Според италијанските медиуми, најновата понуда би можела да значи и крај на трансфер сагата и преселување на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул во следните неколку дена. Римскиот клуб веднаш ќе инкасира 60 милиони евра, а дополнителни 15 милиони евра ќе добие преку бонуси.

Сега наводно останало само двата клуба да се договорат околу начинот на исплата на парите и структурата на бонусите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top