| четврток, 6 декември 2018 |

Соопштение од руските служби: Зошто немаше чадори за Колинда и Макрон

Многумина се прашуваат како рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш заштитен со чадор од дошдот што почна на паѓа на „Лужники“ при прогласувањето на победниците на Светското првенство во фудбал, а претседателот на Франција, Емануел Макрон и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ останаа да киснат.

Но, руските служби објаснија во соопштение.

„Грижата за чадор е грижа на лицето што го чува претседателот. Во извештајот на руската служба за безбедност стои дека чадорот мора да се отвори преку главата на Путин штом падне првата капка дожд. Во врска со тоа, прашањето за чадор треба да го упатите на чуварите на Макрон и Грабар – Китаровиќ“, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top