| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец заработи притвор: Крадел во неделата во стан во Аеродром, полицијата го фатила на дело

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Н.Д. (32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело ,,тешка кражба во обид“ предвидено и казниво по чл.236 вв чл.19 од КЗ наРМ, за што од страна на Судија од претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Имено, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, на 15 јули годинава околу 20.30 часот на улица „Вењамин Мачуковски“, општина Аеродром, насилно влегол во стан каде започнал да врши пребарување, но истиот бил спречен во намерата од страна на полициски службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top