| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин

Триесет и шестгодишен кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин, синоќа околу дваесет часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Четворица кавадарчани Д.С. заедно со неговата сопруга С.С. и соседите Ѓ.Д. и П.Д. синоќа седеле во двор во Кавадарци. Во тој момент дошло лицето П.П. (36) кое живее на соседната улица и го викнало лицето Ѓ.Д. (70) да излезе надвор.

– Откако седумдесетгодишникот се доближил до него, П.П. извадил од зад грб метална шипка со која повеќе пати го удрил во пределот на главата и телото. Притоа му нанел тешки телесни повреди, соопшти Додевски.

Поради карактерот на повредите, повредениот Ѓ.Д. од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци е пренесен на лекување во Ургентен центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top