| четврток, 6 декември 2018 |

Бонучи на излезна врата во Милан, неговиот агент побарал трансфер

Се чини дека после само една сезона помината на „Сан Сиро“, Леонардо Бонучи ќе ги напушти „Росоњерите“. Италијанските медиуми пренесуваат дека агентот на италијанскиот стопер побарал трансфер од управата на клубот.

Наводно, за услугите на Бонучи се заинтересирани Челси, Манчестер Јунајтед и Сити, меѓутоа најголеми шанси за ангажман на Италијанецот наводно имале од Челси, посебно затоа што неодамна клубот од „Стемфорд Бриџ“ го ангажираше Маурицио Сари.

Eдна од главните причини поради која Бонучи најверојатно ќе го напушти Милан е суспензијата која што италијанскиот клуб ја доби од УЕФА – забрана за настап на европските натпреварувања, како и поради лошата финансиска ситуација во која што се наоѓа клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top