| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на Миконос: Крави се прошетаа по плажата во едно од најскапите летувалишта (Фото)

Светски познатата плажа на грчкиот остров Миконос, Кало Ливади, неодамна имаше неочекувани гости кои воопшто не се грижеа за премногу скапите лежалки.

Имено, стадо крави се појавиле на една од најпопуларните плажи на Миконос, а освен што влегле во водата за да се разладат, домашните животни и неколкупати се прошетале по должината на плажата.

Најлогично објаснување е дека кравите избегале од селото над плажата и дошле во потрага по вода.

Како што информирале посетителите што во тој момент биле на плажата, животните биле пријателски настроени и не направиле никакви проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top