| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на Амазон е најбогатиот човек во поновата историја

Основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос, е најбогатиот човек во поновата историја. Според Блумберг, богатството на Безос во понеделникот го преминало прагот од 150 милијарди доалри и со тоа е за дури 55 милијарди американски долари побогат од шефот на Мајкрософт и вториот најбогат човек во светот Бил Гејтс.

Богатството на Гејтс се проценува на 95,3 милијарди долари, но да не беа неговата дарежливост и добротворните донации, неговата нето вредност денес секако ќе изнесуваше над 150 милијарди долари, пишува Сибиз.

Доколку се пресмета инфлацијата, прагот од 100 милијарди долари кој Гејтс го премина во 1999 година, на врвот на информатичкиот бум, денес би вредел 149 милијарди долари.

Безос ја мина и таа граница па сега е најбогатиот човек од 1982 година навака, кога Форбс за првпат ја објави листата на најбогати луѓе во светот.

Нето вредноста на неговото богатство, само годинава, скокнала за 52 милијарди долари. Само тој скок е повисок од вредноста на целата Алибаба групација и богаството на нејзиниот директор Џек Ма, најбогатиот Азиец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top