
Само неколку дена пред да биде објавен официјалниот распоред за престојната сезона во Серија А, два клуба можат да бидат исфрлени од италијанската елита. Имено, тимовите на Киево и Парма може да бидат исфрлени од Серија А поради финансиски измами и „договарање“ на крајниот резултат на неколку натпревари.
Јавното обвинителство денеска го поднесе својот извештај по истрагата за клубот од Верона, со што се докажува дека правел финансиски малверзации и се бара да му бидат одземени 15 бода. Тоа автоматски ќе значи испаѓање во Серија Б. Обвинителството го процесуира и „случајот Парма“, и од судот бара да не им биде дозволено на „млекарите“ да се вратат во Серија А.
Најголем „профот“ од целата ситуација може да имаат тимовите на Палермо и Кротоне. Тимот на Македонците, Несторовски и Трајковски може да го заземе местото на Парма во Серија А, додека пак Кротоне ќе остане во Серија А на местото на Киево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


