| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската претседателка на мета на медиумите: „Алкохолинда“, претседателката што сака бакнежи

Дел од странските медиуми ја измеваат хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за нејзиното однесување на Мундијалот во Русија. Германскиот таблоид „Билд“ напиша дека таа е претседателка што сака бакнежи, а австрискиот весник „Курир“ објави напис со наслов „Алкохолинда: Хрватската претседателка критикувана од страна на медиумите“.

„Курир“ пишува дека многумина се сомневаат во искреноста на емоциите на Грабар Китаровиќ и дека тие не биле во согласност со политичката позиција што ја претставува. Весникот наведува и дека српските таблоиди почнале да ја нарекуваат „Алкохолинда“ поради теоријата дека претседателката испила некоја чашка повеќе поради што, како што се сметаат, разбирливо станува и нејзиното однесување во текот на финалниот натпревар по кој таа го прегрна и бакна секој што ѝ се приближи на пиедесталот. Весникот објави повеќе фотографии на кои се гледа дека таа и францускиот претседател, Емануел Макрон се во еуфорија.

Но, претседателката секако привлече големо внимание на овој спортски настан. Таа во медиумите беше спомнувана повеќе и од Лука Модриќ, кој е прогласен за најдобар играч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top