
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братство Единство”, во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата управувал мотоцикл „Јамаха Р6“ со италијански ознаки. Од се уште неутврдени причини тој се судрил со „Пежо-партнер“ што го управувал гостиварецот И.Н. (58).
Во сударот мотоциклистот добил тешки телесни повреди и во животно загрозувачка состојба е итно бил пренесен на скопските клиники. Во моментов увидот на полицијата се уште трае и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.
За помалку од два дена, по гостиварските сообраќајници се регистрирани три сообраќајки во кои три лица се потешко повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


