| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија објави листа на забранети видеоигри

Саудиска Арабија објави долга листа на забранети популани видеоигри откако се појавија наводи дека две деца извршиле самоубиство бидејќи биле охрабрени на тоа во онлајн играта.

Вкупно ќе бидат забранети 47 игри, меѓу кои „Grand Theft Auto V”, “Assassin’s Creed 2″ и „Witcher”, поради неназначени кршења на правилата и прописите.

Забраната е одговор на смртта на 13-годишното девојче и 12-годишното момче кои според некои извештаи се самоубиле откако на социјалните мрежи го прифатиле предизвикот на таканаречениот „Син кит“, иако не е прецизно дека е тоа точно.

Во „Синиот кит“ учесниците добиваат разни задачи кои треба да ги исполнат, а играта завршува со повик за самоубиство на играчот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top