| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во несреќа на патот Дебар-Маврови Анови

Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Според информациите на СВР Тетово, во близина на Бошков мост, дошло до судир на две патнички моторни возила: „Опел корса“ со скопски регистерски таблици, управувано К.Н (60) од Скопје и „Мерцедес“ со дебарски ознаки, што го управувал И.М. (40) од Дебар.

Во несреќата, возачо на корсата, кој бил сам во возилото, задобил тешки телесни повреди и заедно со возачот на „Мерцедесот“, кој завршил со телесни повреди, пренесени се во дебарската болница.

По укажаната лекарска помопш, скопјанецот е префрлен на скопските клиники, а дебранецот пуштен е на домашно лекување.

Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за несреќата, вкупната материјална штета и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа. За едно деноноќие ова е втора незгода со тешки телесни повреди, откако вчера на една гостиварска улица жена беше удрена од автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top