| четврток, 6 декември 2018 |

Владата го означи почетокот на скрининг процесот за пристапување кон ЕУ

Владата го означи стартот на скрининг процесот за пристапување кон ЕУ, и ги назначи Бујар Османи за главен политички преговарач и шеф на делегацијата за преговори со Европската унија, и Бојан Маричиќ за негов заменик.
Единствена точка на 79 седница на Владата беше Информација за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во Европската унија.
Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања во координација со Канцеларијата на претседателот на Владата и Министерството за надворешни работи, да подготви Информација со предлог на концепт за преговарачка структура и соодветни акти до крајот на  јули 2018 година и истите да ги достави за усвојување до Владата.

На седницата, на која присуствуваа и еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија Јоханес Хан и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар, премирот Зоран Заев рече дека  во претстојниот период останува да покажеме напредок во однос на институционалната демократија, политичка стабилност и доброто владеење – со услови за независно судство, за слободата на изразување, за ефективна влада и јавна администрација, и со јасна определба за борба против корупцијата, кои, истовремено, ќе бидат големи придобивки за сите наши граѓани.

Премиерот Заев потенцираше дека граѓаните на Република Македонија, во духот на европската демократскатрадиција, кога станува збор големи национални одлуки – на референдум ќе се изјаснат за договорот со Република Грција и за иднината на нашата земја.

На оваа седница пред членовите на Владата на РМ се обрати и еврокомесарот Хан кој истакна дека ова е уште еден важен ден во низата успешни совладани одредници на Република Македонија, кои доаѓаат како резултат на силната посветеност за успех на реформите и на лидерството и одлучноста во процесот на пристапување на земјата во челнството во Европската Унија.

На седницата со свои обраќања учествуваа и заменик-претседателот на Владата Бујар Османи, и отсега натаму и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top