| четврток, 6 декември 2018 |

Топтан Владата и дипломатскиот кор кај Османи на докторска (ФОТО)

“Клинички и молекуларно генетски истражувања на колоректалниот карцином” е темата на која денеска докторираше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, доктор по професија и екс министер за здравство. Докторската дисертација ја бранеше на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

На одбраната присуствуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, министерот за здравство Филипче и многу владини функционери, како и ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски.

Овој ден е круна на мојата повеќегодишна напорна работа. Науката претставува соочување со предизвици! – напиша Бујар Османи на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top