Марија Кон, хрватската актерка која ја толкуваше улогата на тетка Вилма во филмот на македонскиот режисер Владимир Блажевски „Година на мајмунот“, почина вчера во Загреб на 84 години, по тешко боледување.
Во нејзината богата кариера од над 60 години, последна филмска улога ѝ беше во македонскиот филм „Година на мајмунот“ на Блажевски, каде што ја толкуваше главната женска улога, старата тетка на главниот лик Цобе кого го игра Игор Ангелов.
Кон важи за најнаградувана хрватска актерка, зад која се стотина театарски улоги, 60 филмови и десетина ТВ-серии. Во 1999 се пензионираше, но остана активна во театарот и филмот. Меѓу другите играпе и во филмовите „Господар на свето тело“, „Во регистратурата“, „Три Ани“, „Окупација во 26 слики“, „Браво, маестро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст